Белата куќа: Трамп очекува Крим да и биде вратен на Украина

портпаролот на Белата куќа Шон Спајсер

Белата куќа соопшти дека американскиот претседател Доналд Трамп ставил јасно до знаење дека очекува руската влада да и го врати „окупираниот“ регион Крим на Украина и да го „деескалира насислството“ во источна Украина каде што сепаратистите поддржани од Русија се борат против силите на украинската влада веќе три години. Говорејќи на прес конференција, портпаролот на Белата куќа Шон Спајсер изјави дека во исто време, Трамп очекува и сака да соработува со Русија.