Времето денеска: претежно сончево и потопло

Во Македонија ќе биде претежно сончево и потопло. Ќе дува умерен, на места повремено и засилен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од минус седум до два, а дневната од осум до 14 степени. Во Скопје ќе биде сончево со слаб ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус четири, а дневната ќе достигне до 10 степени.