Вучиќ - кандидат за претседател на Србија

Архивска фотографија: Српскиот премиер Александар Вучиќ во седиштето на НАТО во Брисел

Претседателството на владејачката Српска напредна партија (СНС) попладневно реши партиски кандидат за претседател на Србија на претстојните избори да биде актуелниот премиер Александар Вучиќ, јави РТС.

По едночасовната седница на претседателството, српскиот министер за внатрешни работи и потпретседател на СНС, Небојша Стефановиќ изјави дека Вучиќ бил едногласно избран за кандидат за српски претседател на партијата.

Вучиќ одби да одговара на новинарски прашање по седницата, туку само кусо изјави дека наскоро ќе биде објавено соопштение во кое „сè ќе биде прецизно наведено“. Во соопштението се наведува дека седницата на Главниот одбор на партијата, на која ќе биде донесена конечната одлука, ќе се одржи в петок на 17 февруари.