Белата куќа со критики за одлуката на судот за имиграцијата

Советникот во Белата куќа Стевен Милер

Советникот во Белата куќа Стивен Милер ги критикуваше судиите од Апелацискиот суд кои минатата недела ја блокираа контроверзната наредба на претседателот Доналд Трамп за имиграцијата. Mилер, кој е главен политички советник на Трамп, во интервју за американските телевизии изјави дека дека политиката на претседателот Трамп со која привремено се забранува влез на државјаните од седум земји од исламскиот свет е исправна и во интерес на американската држава.

Адимнистрцијата на Трамп и минатата недела изрази жалење поради суспендирањето на одредбата на Трамп од која се погодени се Иран, Ирак, Либија, Сомалија, Судан, Сирија и Јемен.

Доналд Трамп ја спомена можноста за нова уредба и рече дека новите мерки ќе бидат објавени оваа недела