ОJO потврди дека отворило постапка за изборни нерегуларности

Основно јавно Обвинителство

Основното јавно обвинителство – Скопје има отврено постапка за изборни нерегуларности уште во 2016 година, соопшти денеска оваа институција. Како што стои во соопштението, Основното јавно обвинителство – Скопје, постапувајќи по кривична пријава поднесена од надлежна институција, оформило предмет против едно лице – организатор на изборна кампања и други лица, како и против едно правно лице за сторено кривично дело – Злоупотреба на средства за финансирање на изборна кампања. Делата за кои е отворена постапката се во врска со употреба на недозволиви средства за изборна кампања и давање на лажни податоци во финансиските извештаи.

ОЈО наведува дека постапката ја води без да објави податоци за нејзиниот тек за да не ја повреди тајноста што е обезбедена со закон.

Досега побарана и прибрана е материјална документација, писмени докази, а во просториите на Основното јавно обвинителство – Скопје се сослушани повеќе од 70 лица сведоци.