Австрискиот министер Курц во посета на Македонија

Средба на министрите за надворешни работи на Македонија и Австрија, Никола Попоски со Себастијан Курц.

Претседавачот со ОБСЕ за 2017 година и министер за надворешни работи на Република Австрија, Себастијан Курц, денеска ќе престојува во работна посета на Република Македонија.

Како што соопшти македонското МНР, во рамки на посетата министерот Курц ќе се сретне со вицепремиерот и министер за надворешни работи на Македонија Никола Попоски.

Двајцата министри ќе го посетат граничниот камен 59 на македонско-грчката граница.