Седум загинати во престрелка на Кашмир

Индиски војници заземаат позиции во индискиот дел на Кашмир. Архива: 11.10.2016

Четири осомничени милитанти и двајца индиски војници се убиени во престрелка во индискиот дел од Кашмир. Милитантите се криеле во село во јужен Кашмир, кога армијата и полицијата ги опкружиле, изјавија денеска полициски претставници.

Во престрелката која следела биле убиени четворица милитанти и двајца војници. Претставниците влеат дека цивил исто така загинал фатен во фкрстен оган.

Индиската армија соопшти дека тројца војници биле повредени во насилството, додека жителите велат дека владините сили ја урнале куќата со оксплозив.

Кашмир е поделен меѓу Индија и Пакистан по завршувањето на владеењето ба Британија во 1947 година. И двете земји тврдат сопственост на територијата на Химелаите и за неа се бореа во две војни.