Хан: ЕУ мора да се насочи кон членството на Западен Балкан

Архивска фотографија: Еврокомесарот јоханес хан.

Комесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан во интервју за интернет изданието на германскиот весник „Цајт“ вели дека во интерес на ЕУ е во Македонија да има стабилност и развој на правната држава.

„Наш интерес е Македонија да биде стабилна и да продолжи владеењето на правната држава. Сите земји на Балканот треба да имаат европска перспектива. Тоа значи дека треба да се постигне промена во еден еволутивен процес. Ние се ангажиравме многу и издејствувавме многу резултати. По сите напори имаше слободни и фер избори. За земјата е подобро со одредена доза на напор развојот да продолжи мирно, вели Хан.

Хан меѓу другото вели дека целта на ЕУ мора да биде насочена кон членство на сите земји од западниот Балкан во ЕУ. Споредувајќи го регионот со тава полна со масло вели дека само едно запалено чкорче би било доволно за се да пламне.