Разговори во Астана меѓу учесниците во сирискиот конфликт

Момче бутка количка на оштетена улица во сирискиот град Алепо.

Казахстан ги покани сириските владини сили и вооружените бунтовници следната недела да одржат разговори во главниот град Астана.

„Раговорите на високо ниво е планирано е да се одржат во рамки на процесот од Астана на 15 и 16 фовруари, за решавање на ситуацијата во Сирија“, соопшти казахстанското Министерство за надворешни работи.

Во соопштението се додава дека меѓу поканетите се „сириската влада“ и „претставници на сириската вооружена опозиција“, како и претставникот на ОН Стефан де Мистура и набљудувачи на САД.

Разговорите се во посредство на Русија и Иран кои го поддржуваат сирискиот претседател Башар ал-Асад и на Турција која ги поддржува бунтовниците.

Разговорите ќе се одржат по средбата во Астана од минатиот месец, која заврши без значаен чекор за завршување на конфликтот кој трае скоро шест години во кој загинаа повеќе од 300 илјади луѓе.

Министерството за надворешни работи на Казахстан наведува дека следната рунда разговори во Астана ќе биде посветена на разгледување на договорот за прекин на огнот, на мерки за стабилизација во специфични области и на други практични чекори во пресрет на разговорите во Женева.