Трамп со предупредување до иранскиот претседател Рохани

Иранскиот претседател Хасан Рохани држи говор за време на церемонијата на годишнината од Исламската револуција од 1979 година.

Претсетелот на САД Доналд Трамп на 10 февруари го предупреди иранскиот претседател Хасан Рохани дека „е подобро да биде внимателен“, откако Рохани одржа говор осудувајќи ја „војната на сеење страв“ на САД.

Трамп коментираше по говорот на Рохани на прославата од годишнината од Исламската револуција во 1979 година.

„Силно ќе се спривставиме на политиките на потпомагање на војна. Нашиот народ е буден и ќе направи се за да зажалат оние кои му се закануваат на Иран. Кон луѓето од Иран мора да се зборува со почит“, рече Рохани.

Трамп изјави дека „подобро е тој да биде внимателен.“