Директорот на ЦИА во посета на Турција

архивска фотографија, американскиот шеф на ЦИА Мајк Помпео

Американскиот шеф на ЦИА Мајк Помпео денеска во Анкара се сретна со турскиот премиер Бинали Јилдирим, соопштија од кабинетот на Јилдирим. На средбата се разговарало за поблиска соработка против тероризмот и организираниот криминал. Јилдирим на средбата побарал поддршка од САД за акциите против движењето поврзано со турскиот свештеник кој живее во САД Фетула Ѓулен, вклучувајќи во барањето и екстрадиција.

Анкара го обвинува Ѓулен за организирање на на неуспешниот државен удар во јули лани. Тој тоа неколку пати го негираше.

Ова е прва посета на друга земја на Помпео кој вчера пристигна во Турција, откако ја презеде функцијата. Тој се сретна и со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган како и со колеги од турските разузнавачки служби со кои разговараше за борбата против милитантната група Исламска држава во Сирија и Ирак.