Трамп ја потврди „политиката една Кина“

Кинескиот претседател Си Џинпинг и американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп во телефонски разговор со кинескиот колега Си Џинпинг ја потврди „политиката една Кина“ и со тоа ја намали загриженоста дека Вашингтон значително ќе ги промени односите со Пекинг, јавуваат новинските агенции. Од Белата куќа е соопштено дека Доналд Трамп се согласил со барањето на Си Џинпинг да се почитува „политиката една Кина“ што значи Вашингтон да одржува само неофицијални односи со Тајван. Двајцата претседатели меѓусебно си упатиле покана за посета.