Апелациски суд ја задржа блокадата на наредбата на Трамп за мигрантите

претседателот Доналд Трамп

Американски Апелациски суд во Сан Франциско одби да ја обнови привремената забрана за влез на мигранти од седум претежно муслимански земји што беше наредена од претседателот Доналд Трамп. Тоа, според оценките на американските медиуми, претставува голем удар за антиимиграциската политика на новата американска админситрација. Во едногласната одлука комисијата од тројца судии ја оставија во сила блокадата на забраната за влез во САД. Пртетседателот Трамп веднаш одговори на Твитер: „Се гледаме на суд, во прашање е безбедноста на нашата земја“.