За Алијансата на Албанците прифатлива широка влада

Зијадин Сеља, лидер на политичката партија Алијанса на Албанците по средбата со еврокомесарот Јоханес Хан.

Од ЕУ сакаат што побрзо да се формира политичка влада и заеднички констатиравме дека предвремени избори би ја компликувале ситуацијата рече по средбата со еврокомесарот Јоханес Хан, Зијадин Сеља од Алијанса за Албанците.Тој додаде дека без прифаќање на албанскиот јазик за службен ниту лидерот на СДСМ, Зоран Заев ниту која била друга влада нема да ја има нивната поддршка.

Села нагласи и дека тие се за влада која би имала 2/3 мнозинство. Широка политичка влада за нас, како што рече тој, не е лоша опција со тоа што во неа да нема лица кои се под истрага на СЈО. Во моментов на средба со Хан е лидерот на ДПЕ, Мендух Тачи.