Во Скопје министерски состанок на земјите од Западен Балкан

Состанок на премиерите на шест земји од Западен Балкан, Париз, 04.07.2016.

Во Скопје денеска ќе се одржи неформална средба на министрите за надворешни работи од балканските земји вклучени во таканаречениот „Берлински процес“. На состанокот ќе се разговара за прашања од областа на регионалната соработка со посебен акцент врз заедничките регионални предизвици, економскиот просперитет и меѓусебното поврзување, во функција на интегрирање на сите Балкански земји во ЕУ. Министрите за надворешни работи ќе одржат и заедничка сесија со министрите за енергетика, на која што ќе се дискутира за примената на одлуките од Парискиот самит и очекувањата од претстојниот Самит во Трст во рамките на „Берлински процес“. На состанокот ќе присуствуваат и еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување Јоханес Хан, италијанскиот државен потсекретар за надворешни работи Винченцо Амендола и генералниот секретар на Советот за регионална соработка Горан Свилановиќ.