Трамп ја брани наредбата за миграција

Американскиот претседател Доналд Трамп за време на говорот пред полициските офицери

Американскиот претседател Доналд Трамп ја брани својата привремена наредба за забрана за влез на бегалци и граѓани од седум претежно муслимански земји со објаснување дека таа била донесена заради безбедноста на земјата. Тој ова го кажа денеска за време на говорот пред полициските службеници од како федералниот судија минатата недела ја блокираше контроверзната наредба.
Тој сугерираше дека политиката е причината поради која судовите ја суспендираа неговата забрана за имигрантите. Не сакам никогаш да наречам некој суд пристрасен, така што нема да ги наречам пристрасни, рече Трамп. Вчера тројца судии на американскиот Апелационен суд во Сан Франциско ги сослуша правните аргументи на спротиставените страни. Одлуката на Апелациониот суд се очекува подоцна неделава.