Авганистан-шест вработени во Црвен крст загинаа во напад

Илустрација

Шест Авганистанци вработени во меѓународната организација Црвен Крст се убиени во напад во северната авганистанска провинција Јовзјан, соопштија денеска официјални претставници. Засега никој не ја презема одговорноста за нападот, но Мавлави Лутфула Азизи, гувернер на провинцијата, рече дека осомничени вооружени припадници на Исламска држава стојат зад него. Милитантите лојални на ИД се „многу активни“ во областа, додаде тој. Азизи нагласи и дека хуманитарните работници биле во конвојот кој што носел помош за областите погодени од лавината. Талибанците негираа поврзаност со инцидентот.