Трамп: Турција е стартегиски партнер

Американскиот претседател Доналд Трамп ја повтори поддршката на Турција како „стратегиски партнер и НАТО сојузник“ за време на телефонскиот разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, соопштено е и во Вашингтон и во Анкара. Трамп исто така ги поздравилтурските напори во борбата против милитантите на Исламската држава. Во официјалнте соопштија на двете страни не се спомнуваат некои спорни прашања како поддршката на курдските борци во Сирија и барањето за израчување на турскиот свешетеник Фетула Ѓулен кој Анкара го обвинува за организирање на неуспешниот државен удар во јули лани.