Времето денеска: облачно и дождливо

Во Макеоднија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На планините ќе има повремен снег. Ќе има и услови за појава на грмежи, особено на југоисток. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, а попладне слаб до умерен од северен правец. Температурата ќе се движи од пет до 12 степени. Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд, почест до претпладневните часови. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, а попладне слаб до умерен од северен правец. Температурата ќе достигне до осум степени.