Трамп под критики за поддршката на Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп се соочи со критики од републиканците и демократите за неговите коменатри во одбрана на рускиот претседател Владимир Путин во интервју за телевизијата Фокс. На забелешката на водителот Бил О Рејли дека „Путин е убиец“ Трамп изјави: „Има многу убијци. Ние имаме многу убијци. Што мислите? Нашата земја е невина?“. Лидерот на Сенатот, републиканецот Мич Меконел изјави дека не може да има никаква споредба меѓу двете земји, а поранешниот амбасадор во Москва Мајкл Мекфол коментарите на Трамп го оцени за „одвратни“.