Времето денеска: облачно со врнежи од дожд и снег

Во Македонија во текот на денот ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со засилен југоисточен ветер. Попладне и во текот на ноќта кон вторник, под влијание на краткотраен, но интензивен влажен бран ќе има врнежи од дожд, најпрво во западните делови, а во текот на ноќта во источните. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Во западните делови се очекува на повеќе места да наврнат од 10 до 15 литри на метар квадратен, а во источните локално и околу 20 литри на метар квадратен. Можна е и ретка појава на грмежи. Утринската температура ќе се движи од 0 до 4, а дневната од 6 до 16 степени.