ВМРО-ДПМНЕ го осудува говорот на омраза на социјалните мрежи

Лого на ВМРО-ДПМНЕ

Морбидната објава на социјалните мрежи на слика на која е прикажан како починат човек, претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски е говор на омраза и срамно и ниско ниво на комуникација се вели во писменото соопштение на ВМРО ДППМНЕ. Во соопштението се вели дека таквиот срамен говор на омраза од страна на членови и активисти на СДСМ треба најостро да бидат осудени и санкционирани.

„ СДСМ во моменти на длабок очај, соочувајќи се со поразот кој им го нанесоа граѓаните, посакуваат нечија смрт само за да си ги задоволат сопствените потреби на гнев и омраза. ВМРО-ДПМНЕ го осудува ваквото некролошко однесување на членовите на СДСМ и очекуваме дека во најбрз можен рок ќе реагираат институциите“ стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.