Иран со нови воени вежби по санкциите од САД

Архивска фотографија

Иран одржува воени вежби, еден дека откако САД им воведе санкции поради неодамнешното тестирање балистички ракети. Иран соопшти дека тоа го прави за да ја демонстрираат својата „целосна подготвеност за справување со заканите “ и како што вели во соопштението, „понижувачките санкции“ од Вашингтон. Иранските државни медиуми јавуваат дека на вежбата, ќе бидат тестирани домашните ракетни системи, радари, и контролни центри за борба против сајбер напади. Односите меѓу САД и Иран нагло се влошија откако претседателот Доналд Трамп ја презеде функцијата минатиот месец.