Повторно протести во Романија

Протести во Романија

Речиси 50 илјади демонстранти доцна синоќа протестираа пред зградата на романската Влада, изразувајќи го своето незадовоство од измените на Кривичниот законик, со кој ќе се овозможи амнестија на лица осудени за корупција. Дел од демонстрантите скандираа антивладини пароли, а дел од нив донесоа и картонски кукли со ликовите на некои министри облечени во затвроски униформи. Говорниците на протестот потсетија дека измените што ги предложи Владата беа критикувани и од САД и ЕУ и нагласија дека поради нив Романија би можела да остане без странски инвестиции и помош. Освен во Букурешт, протести беа оддржани и во неколку други романски градови.

Романскиот премиер Сорин Гриндеану во четвртокот изјави дека Владата не планира да се откаже од измените на Кривичниот закони и дека тој лично нема намера да поднесе оставка.

Во врска со протестите се огласи и Романската православна црква, која повика на продолжување на борбата против корупцијата во Романија.