Трамп- Иран си игра со оган

Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа Твитер упати предупредување до Иран дека земјата си игра со оган, откако Техеран пред два дена изврши тест за лансирање на балистичка ракета. Трамп исто така на Твитер напиша и дека иранските власти не го ценат тоа колку САД биле фини со земјата, мислејќи на нуклеарниот договор меѓу Техеран и шесте светски сили. Согласно договорот Иран беше должен да ја намали нукеларната програма во замена за повлекување на санкциите врз земјата.