Времето денеска: облачно со сончеви периоди

Во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во крајните западни делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. По котлините ќе има магла, но кон средината на денот ќе настапи извесно намалување на маглата. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи од минус четири до два, а дневната од пет до 13 степени. Во Скопје изутрината ќе биде магливо и тивко, кон средината на денот ќе има извесно намалување на маглата која во ноќните часови повторно ќе се формира. Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе се искачи до пет степени.