Романија може да загуби средства од ЕУ

Заменик-претседателот на ЕК, Франс Тимерманс.

Европската комисија ја предупреди денеска Романија дека одобрените средства од фондовите на Европската унија може да бидат прекинати поради измените што ги усвои Владата во законот за борба против корупцијата, изјави заменик-претседателот на ЕК, Франс Тимерманс на вонредната дебата на Европскиот парламент во Брисел.

Тој вели дека Романија постигнала напредок во изминатите децении, но дека тоа што се гледа изминатите денови е загрижувачко, бидејќи новото законодавство отстапило од напредокот постигнат во изминатите десет години.

„Ја повикувам актуелната Влада да ги преразгледа законските измени“, рече Тимерманс.

Тој вели дека Романија, како и сите во Европа, заслужува власт која се бори со корупцијата, за да ја искорени, оти како што вели новото законодавство може да се одрази врз обезбедувањето на европското финансирање.

Во натамошната дебата мнозинството пратеници изразија загриженост поради случувањата во Романија изминатите денови.