Црна Гора ќе уништи 403 тони оружје

Изложба по повод 66-годишнината на НАТО во Подгорица на 4 април 2015

Црна Гора наредните 15 месеци ќе треба да уништи 403 тони вишок вооружување, што ќе претставува почеток на проектот НАТО Фонд за демилитаризација, соопшти денеска црногорското Министерство за одбрана.

Акцијата, за којашто НАТО Фондот ќе издвои 700 илјади евра има за цел уништување на оружјето на начин кој гарантира безбедност за животната средина и црногорските граѓани, јави РТЦГ.

Според податоците на Министерството за одбрана во воените складишта на земјата моментно има околу 2.000 тони вишок вооружување. По планираното уништување на 403 тони, ќе останат уште 1.600 тона.

По обновата на независноста, Црна Гора наследи големи количини застарено оружје и средства коишто се нефункционални за потребите на Војската на Црна Гора, велат тамошните власти.