Граничниот премин Евзони ќе биде затворен најмалку до 18 часот

Архивска фотографија: Грчките фармери блокираат граничен премин кон Бугарија на 19 јануари 2010 година

Грчките земјоделци ќе го блокираат граничниот премин Евзони најмалку до 18 часот попладне. Ова го јавија повеќе грчки медиуми, повикувајќи се на информации од организаторите на протестите на земјоделците. Грчките фармери во текот на денот ќе одлучат каде и колку автопати и гранични премини низ земјата ќе блокираат. Сите одлуки ќе се донесуваат тековно и засега нема утврден распоред на блокади.