Харадинај повторно пред суд во Франција

Претседателот на Алијансата за иднина на Косово Рамуш Харадинај го напушта затворот во Колмар, 12.01.2017.

Претседателот на Алијансата за иднина на Косово и поранешен косовски премиер Рамуш Харадинај денеска повторно ќе се појави пред судот во Колмар, Франција. Тој беше приведен на 4 јануари на аеродромот во Базел, по потерница на Интерпол по барање на Србија поради сомневање дека во 1998 и 1999 година направил воени злосторства над србите и друго неалбанско население на Косово. Францускиот суд на 12 јануари го пушти на слобода да ја чека конечната одлука за израчувањето. Хашкиот трибунал во 2012 го ослободи Харадинај од сите точки на обвинувањето за воени злосторства. Надлежните српски органи велат дека сега имаат нови докази против него.