Дојче Банк казнета поради перење пари од Русија

илустрација

Британските власти и властите во Њујорк соопштија дека го казниле банкарскиот гигант Дојче Банк со 625 милиони долари за перење пари од Русија. Се прецизира дека оваа банка илегално изнесла од Русија околу 10 милијарди долари со користење на таканаречни двојни трговски зделки меѓу банките во Москва, Лондон и Њујорк во период од 2011 до 2015 година. Дојче банк се согласи со казната и призна дека шемата за перење пари може да ја отежне борбата против даночната ерозија на руските обврзници.