Времето денеска: променливо облачно

Во Македонија ќе биде променливо облачно со почести сончеви периоди кон североистокот на земјата. Ќе дува слаб ветер претежно од југоисточен правец. Наутро по котлините ќе има појава на магла. Утринската температура ќе се движи од минус 11 до еден, а дневната од нула до пет степени. Во Скопје наутро ќе има услови за појава на магла и ниска облачност која преку денот ќе се намалува. Во попладневните часови ќе има и почести сончеви периоди. Утринската температура ќе се спушти до минус седум, а дневната ќе се искачи до два степена.