Меркел и Трамп согласни за важноста на НАТО

Германската канцеларка Ангела Меркел

Германската канцеларка Ангела Меркел и американскиот претседател Доналд Трамп ја истакнале важноста на НАТО алијансата за глобалната безбедност за време на нивниот прв телефонски разговор откако Трамп стана претседател. Белата куќа соопшти дека двајцата лидери се согласиле дека НАТО е од фундаментална важност за трансатлантските односи и неговата улога е значјана во обезбедувањето мир и стабилност.

Според соопштението, Трамп и Меркел се согласиле и дека НАТО мора да биде способен за да се спротистави на заканите на 21 век и дека за тоа е потребна соодветна инвестиција во воените способности на алијансата со цел да се осигура дека сите сојузници придонесуваат подеднакво за колективната безбедност.