Трудо ги повика бегалците во Канада

Канадскиот премиер Џастин Трудо

Канадскиот премиер Џастин Трудо ги покани бегалците на кои им не им е одобрен влез во САД да дојдат во неговата земја. „Оние кои бегаат од прогон, терор и војна, Канаѓаните ќе ви посакаат добредојде, без разлика на вашата вера. Разновидноста е наша сила“, напиша на социјалната мрежа, Трудо по одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за забрана на влез на сириски бегалци во САД и привремена суспензија на визите за државјани на седум муслимански земји.

Кабинетот на Трудо, соопшти дека тој планира да разговара со Трамп за успехот на имиграционата политика на Канада. Во Канада се наоѓаат околу 40 илјади сириски бегалци.