Франција загрижена за имиграциската политика на Трамп

Францускиот министер за надворешни работи Жан Марк Ајраулт

Францускиот министер за надворешни работи Жан Марк Ајраулт изрази загриженост за одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ја забрани имиграцијата во САД на државјани од неколку муслимански земји. Примањето бегалци кои бегаат од војната и угнетувањето е дел од нашата должност, порача Ајраут на заедничката прес конференција со неговиот француски колега Зигмар Габриел во Париз.

Трамп вчера потпиша указ со кој се забранува влез на сириските бегалци во САД и приверемено ги суспендираше визите за државјаните на седум муслимански земји.