Тереза Меј во посета на Турција

Британската премиерка Тереза Меј

Британската премиерка Тереза Меј денеска ќе ја посети Анкара, со цел зајакнување на британско-турските односи пред планираното излегување на нејзината земја од Европската унија. Меј ќе се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и со премиерот Бинали Јилдирим. Турција, која е официјално кандидат за членство во ЕУ, го смета Лондон како еден од нејзините најголеми поддржувачи во Унијата.