За утре закажан телефонски разговор Путин - Трамп

Претседателот на САД, Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин и

Рускиот претседател Владимир Путин и претседателот на САД, Доналд Трамп, утре ќе имаат телефонски разговор, што ќе биде нивен прв разговор откако Трамп ја презеде функцијата, соопшти денеска Кремљ.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Путин планира да му честита на Трамп, како и да дискутираат за билатералните односи. Се очекува телефонскиот разговор да биде реализиран во вечерните часови според московско време.

Песков вели дека сепак станува збор за почетен разговор и дека не верува оти за време на овој разговор ќе бидат опфатени сите суштински теми.

Трамп го пофали Путин и изрази надеж за подобрување на односите со Русија, кои беа затегнати откако Москва го анектираше Крим и поради поддршка што ја дава на сепаратистите во источна Украина. Односите дополнително се затегнаа по изјавите на американските разузнавачи кои велат дека Русија се мешала во изборот на Трамп за претседател на САД.

Трамп и Путин последен пат разговараа по изборите на 8 ноември, кога Путин му ја честиташе победата.