Послаб земјотрес поладнево почувствуван во Скопје

Сеизмограм за земјотрес

Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда од 1.9 е регистриран попладнево во 16 часот и 28 минути. Почувствуван е во Скопје и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет.

Земјотресот со епицентар во Скопското епицентрално подрачје го регистрирала телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија.