Трамп: Пентагон и ЦИА ќе одлучат за употребата на техниките за испрашување

Претседателот на САД Доналд Трамп

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека тој мисли оти симулираното давење и други техники на испрашување кои се сметаат како тортура "апсолутно" функционираат, но тој ќе им препушти на шефовите на ЦИА и Пентагон за тоа дали да ги врати. Во интервју за Еј Би Си- Њус, Трамп изјави дека САД мора да се "борат оган со оган" поради обезглавувањето на Американците и другите злосторства извршени од милитантите на Исламската држава. "Кога тие отсекуваат глави на нашиот народ, и други луѓе ... кога прават работи од средновековниот период, јас сум загрижен , и ние треба да се бориме оган со оган ", рече тој. Но, Трамп наведе дека ќе се потпре на советот на шефот на Пентагон Џејмс Матис и директорот на Централната разузнавачка агенција Мајк Помпео. "Ако тие не сакаат да се направи тоа, тоа е во ред. Ако не го сторат ... тогаш јас ќе работам кон таа цел. Сакам да стори сé што е во границите на она што е дозволено да се направи според закон." "Но, јас се чувствувам дека тоа функционира? Апсолутно, јас чувствувам дека тоа функционира", рече тој.