Мексиканскиот претседател го осуди планот на Трамп за ѕидот

Мексиканскиот претседател Енрике Пења Нието и американскиот претседател Доналд Трамп. Мексико, 31.08.2016.

Мексиканскиот претседател Енрике Пења Нието ја осуди одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да нареди изградба на ѕид на границата и најави консултации за заштита на мигрантските права во Соединетите држави. Опозицијата во Мексико побара од шефот на државата да го откаже планираниот состанок со Трамп во Вашингтон во идната недела. Тој, сепак не се изјасни дали ќе го откаже патувањето или не. „Изградбата на ѕидот уште повеќе ќе ги раздели двете земји“, изјави мексиканскиот претседател во кратката телевизиска порака.