Трамп ги повлече САД од Транспацифичкиот трговски договор

Американскиот претседател Доналд Трамп со извршната наредба за повлекување на САД од Транспацифчкиот договор за трговија, Вашингтон, 23.01.2017.

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба за повлекување на САД од Транспацифчкиот договор за трговија во кој се вклучени 12 земји. Станува збор за формален потег со оглед на тоа што овој договор се уште не доби одобрување од Сенатот. Според Трамп, Вашингтон ќе потпише билатерални договори со тие земји. Германскиот заменик канцелар Зигмар Габриел оцени дека повлекувањето на САД од Транспацифичкиот договор „отвара мова можност за Германија“. Тој додаде дека Трамп мора едноставно да признае дека американската економија често пати не е конкурентна, за разлика од германската.