Времето денеска: облачно и врнежливо

Во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи претежно од снег, а во југоисточните делови од дожд и снег. Во јужните делови врнежите на места ќе бидат со умерен интензитет. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец, кој попладне ќе го промени правецот во северен. Температурата од нула до три степени. Во Скопје ќе биде облачно со повремени врнежи претежно од снег. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец, кој попладне ќе го промени правецот во северен.Температурата ќе достигне до еден степен.