Ердоган: Мрежата на Ѓулен е глобална закана

Архивска фотографија. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Ѓуленистичката мрежа е закана не само за Турција, туку и за сите земји во кои таа дејствува, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за време на официјалната посета на Танзанија.

Турските власти го обвинуваат исламскиот проповедник Фетхулах Ѓулен, кој живее во САД, како и неговото движење „Фето“, дека стојат зад обидот за преврат во Турција од 15 јули минатата година.

Самиот Ѓулен ги отфрли овие обвиненија. Движењето на Ѓулен поддржува добротворни фондации, училишта и други организации во различни земји, вклучително и во земјите одАфрика.

Во говор на бизнис форум во Танзанија, Ердоган денеска го подвлече масовното ширење на оваа ѓуленистичка мрежа во различни региони од светот, „криејќи се зад хуманитарна помош, образование и трговија“.

Групата е „не само закана за Турција, туку и за сите земји во кои таа дејствува“, рече Ердоган.