Иран: Рано е да се оцени Трамп

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Бахрам Гасеми.

Иран соопшти дека премногу е рано да се оцени претседателот на САД, Доналд Трамп, бидејќи неговите ставови за многу прашања се уште не се целосно познати.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Бахрам Гасеми денеска изјави дека се уште не може да се има точна проценка за позициите на Трамп, бидејќи за разлика од претходните претседатели, Трамп не ги изнесува јасно своите ставови.

Коментарите на Гасеми се први официјално изнесени од ирански претставници откако Трамп на 20 јануари беше инаугуриран како претседател.

Гасеми рече дека „Ставовите на Трамп за исламот, Европа, Америка и за други глобални прашања не се јасни, прецизни и смирувачки и ни треба да почекаме и да видиме како работите ќе се одвиваат.