Францускиот претседателски кандидат Фијон: Санкциите кон Русија неефикасни

Францускиот претседателски кандидат Франсоа Филон.

Францускиот претседателски кандидат Франсоа Фијон изјави дека санкциите на ЕУ против Русија се неефикасни и повика на дијалог со Москва.

Фијон денеска исто така изрази загрижување дека новата администрација на американскиот претседател Доналд Трамп може да изгради врски со Русија со што ЕУ ќе биде ставена настрана.

„Убеден сум дека економските санкции се целосно неефикасни“, рече Фелон по средбата со германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин.

„Мораме да најдеме друг начин да разговараме“, рече тој.

„Не сакам Трамп да зборува со Русија на наша сметка. Тоа ќе биде штетно за Европа ако Трамп отиде над нашите глави, што не е незамисливо“ рече Фијон.