Радев инаугуриран за нов бугарски претседател

Румен Радев за време на претседателката кампања на 13 ноември 2016

Румен Радев денеска беше инаугуриран за нов претседател на Бугарија на свеченост пред црквата Александар Невски во Софија. Во првиот говор тој вети дека ќе дејствува во корист на „обединето општество во име на демократијата“. Радев истакна дека ќе биде претседател на сите Бугари без оглед на нивната партиска, етничка и верска припадност.

Новиот бугарски претседател рече дека со партнерите на државата ќе работи на забрзување на интеграцијата со Европа, но вети и борба за права и достоинство на народот.

Радев е петти демократски избран претседател на Бугарија.