Америка на прво место

Доналд Трамп на 20 јануари и официјално е инаугуриран за 45-ти американски претседател со што го започна четиригодишниот мандат.

Доналд Трамп и официјално е инаугуриран за 45-ти американски претседател со што го започна четиригодишниот мандат. Илјадници луѓе, меѓу кои, поранешни лидери и гости, пристуствуваа на церемонијата пред зградата на Конгресот на САД во Вашингтон.

Во инаугуративниот говор, новиот американски претседател Доналд Трамп, изјави:

„Америка на прво место“ и „Ќе ја трансферираме моќта од Вашингтон, назад кон вас, луѓето“.

Трамп по давањето заклетва му се заблагодари на, како што рече, прекрасниот Обама.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Доналд Трамп инаугуриран за претседател на САД

Меѓу неговите главни поенти во говорот се вложување големи национални напори за обнова на земјата, враќањето на работните места во САД. Трамп се заложи за постоечките сојузи и формирање нови како и остранување на радикалниот исламски тероризам.

„Заедно, ние ќе ја направиме Америка силна повторно“.

„Ние ќе ја направиме Америка богата повторно“.

„Ние ќе ја направиме Америка горда повторно“.

„Ние ќе ја направиме Америка безбедна повторно“, гласеа пораките на Доналд Трамп, кој по говорот се упати кон Белата куќа.

Претходно заклетва положи потпретседателот на САД Мајк Пенс.

Истовремено, во Вашингтон се одржуваа анти - Трамп протести.

Илјадници опоненти на Трамп протестираа мирно додека активисти облечени во црно фрлааа камења и кршеа прозорци на ресторани и банки, по што полицијата употреби солзавец.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Насилни протести во Вашингтон

70-годишниот Трамп ја победи Хилари Клинтон на претседателските избори на 8 ноември по тешката кампања засенета со тврдењата на американските служби за разузнување за руско мешање на изборите во корист на Доналд Трамп, како и неговите изјави за различни прашања, меѓу кои, имиграцијата и климатските промени.