Достапни линкови

Говор на Трамп по инаугурацијата за претседател на САД. Вашингтон, 20.01.2016
Говор на Трамп по инаугурацијата за претседател на САД. Вашингтон, 20.01.2016

Доналд Трамп е претседател на САД

Доналд Трамп денеска стана 45-ти претседател на Соединетите Држави. 70-годишниот републиканец влегува во Белата куќа по неговата долга и богата бизнис кариера.

- Доналд Трамп денеска даде заклетва и стана 45-ти претседател на САД.

- „Ќе ја трансферираме моќта од Вашингтон, назад кон вас, луѓето“, изјави Трамп по давањето заклетва.

- Во инаугуралниот говор, Трамп изјави: „Америка на прво место“

- Трамп му се заблагодари на, како што рече, прекрасниот Обама.

- Илјадници луѓе присуствуваа на свеченоста во Вашингтон, меѓу кои, бивши лидери и странски гости.

- Во Вашингтон имаше и демонстрации на противници на Трамп, кои искршија неколку излози.

Новиот американски претседател Доналд Трамп со семејството пристигна во Белата Куќа со што заврши парадата во Вашингтон

Честитки од светски лидери до Доналд Трамп

Доналд Трамп со сопругата на пат кон Белата Куќа

Според АФП, Трамп ја започнува својата парада од Капитол до Белата Куќа со илјадници подржувачи и опоненти наредени на рутата по која треба да помине

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG