Јолевски ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Министерот за одбрана Зоран Јолевски.

Министерот за одбрана Зоран Јолевски од денеска е во приватна посета на Вашингтон, САД, при што ќе присуствува на инаугурацијата на новиот претседател на САД, Доналд Трамп.

Како што соопштија од МО, министерот Јолевски од понеделник ќe престојува во работна посета на Соединетите Американски Држави и ќе оствари билатерални средби со претставници на администрацијата на САД, конгресмени, сенатори, и други претставници на Конгресот, како и претставници на тинк-тенк заедници во Вашингтон.