САД: убиен еден од лидерите на Ал каеда во Сирија

Сирија (архивска снимка)

Американската војска соопшти дека во воздушен напад на 17 овој месец во близина на Идлиб во Сирија бил убиен Мохамад Хабиб ал Туниси, еден од лидерите на Ал каеда. Тој се поврзува со неколку терористички заговори за напади врз западни цели. Во Сирија пристигнал во 2014 година откако неколку години живеел во Европа и на Блискиот исток, се наведува на веб страницата на Пентагон.